За нас

Ленсмак е компанија која располага со оптички производи и помагала со кои ги снабдува оптичките продавници, офталмолошките ординации и аптеките.
Создадена од професионалци посветени да обезбедат брза и квалитетна услуга специфично адаптирана според потребите на клиентот.

Тимот на Ленсмак, со повеќе од 20 години искуство во производство и продажба на оптички производи, настојува да го понуди најдоброто од иновативната и функционална технологија на своите партнери.

Кога го работите тоа што го сакате се трудите да бидете најдобри во тоа, затоа успехот на нашата компанија се должи на препораките од нашите постоечки клиенти и кохезијата во тимската работа. Како проактивна компанија во континуитет ги редeфинираме стандардите преку иновативност и флексибилност секогаш со цел да обезбедиме 100 отсто задоволство за нашите клиенти и партнери.