Varia

30 март 2016, Comments 0

Најблиску до природен вид како никогаш до сега!

Користење прогресивни леќи со незамислив комфор!

Varia е персонална прогресивна леќа која им овозможува на “пресбиопите” природно фокусирање на различни растојанија со неспоредливо пошироко видно поле.

За разлика од досегашните freeform прогресивни леќи кои се базираат на изработка на видно поле од внатрешната страна на леќата, Dual Surfacing технологијата оди чекор подалеку и овозможува изработка на прогресивната површина како од внатрешната така и од надворешната страна на леќата.

Dual Surface технологијата се гледа во распределбата на диоптриската јачина како на предната така и на задната површина на леќата. Со овој начин на изработка добиена е прогресивната леќа Varia со 50% пошироко видно поле.

Прогресивната леќа Varia е предвидена за сите “пресбиопи”, а пред се за они кои сакаат повеќе ( пошироко видно поле без ограничување) подобро (понапредни прогресивни леќи од предходните), и побрзо (моментално привикнување без период на адаптација)!

Varia е персонална прогресивна леќа изработена со помош на најмодерната DST технологија. DST технологијата се заснова на пресметка во изработка на идеалните надворешни и внатрешни површини на леќата во однос на бараната диоптриска вредност.

• За разлика од останатите прогресивни леќи кај кои надворешната површина има сферна геометрија, леќите Varia се изработени со прогресивен раст на базната закривеност од врвот кон долниот дел на надворешната површина на леќата (на пр: во горниот дел базната закривеност е 5.00Д а, во долниот 6.50Д).

varia2

• Изработката на внатрешната површина на леќата се состои во прецизно компензирана пресметка на видното поле во однос на надворешната површина. Со спојувањето на овие две површини добиваме прогрсивна леќа Varia со широко видно поле и минимални астигматски дејствувања на периферија на леќата.

varia2

 

Подетелни информации

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>